1. Сите состојките за тесто ги промесуваме и месиме тесто и чекаме да стаса.
2. Фил. Жолчката од јајцето, млекото, густинот, шеќерот, кокосот не прекинато мешајки ги вариме додека смесата не ја добие потребната густина и ја тргаме на страна. Го додаваме путерот и мешаме додека не се растопи. Потоа го ставаме кремот во фрижидер да се излади.
3. Нараснатото тесто се сука со сукалка во правоаголник со дебелина на 1 см, се премачкува со приготвениот фил, потоа се витка во ролат и се сече на парчиња дебели 2-3 см.
4. Соодветна тепсија се премачкува со путер, во неа се редат ролничките и се остава да нараснат околу 20 минути. Потоа се премачкуваат со путер и се печат во рерна загреана на 180 степени додека се зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани