Млекото ставете го да се затопли малку, а потоа додадете го брашното квасецот, јајцата, 2 супени лажици шеќер, прашокот за пециво и со миксер замесете тесто. Оставете да нарасне.
Од тестото на набрашнета маса направете 12 топки и развлечете кори,на две места по 6 кори една врз друга и секоја се премачкува со малку путер само на последната не се става.
Од едната кора каде што ставите 6 помали кори со сукалка направете голема кора 0.5 см дебелина и исечете на парчиња, на крајот на секое парче ставете малку крем и завиткајте кифлички.
Постапката повторете ја и со останатата кора. Кифлите оставете ги на нараснат потоа премачкаје ги со разматена жолчка. Печете на 200 степени додека добијат убава боја.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови