Овој рецепт ми е најдобриот рецепт за кифлички. Рецептот ми е од свекрвата и не го менувам. Кифличките излегуваат меки како памук и превкусни, со денови седат и остануваат меки.

Подготовка

1. Во 250 мл млако млеко се ставаат 9 лажици брашно, квасецот и 4 лажици шеќер да надојди квасецот.
2. Откако ќе надојди квасецот, се додаваат остатокот од брашното, јајцата, сол, 2 филџани масло, 250 мл јогурт и прашокот за пециво. Сето се замесува убаво.
3. Потоа тестото се дели на 5 дела. Секој дел се сучи во кора и се премачкува со 1/5 од маргаринот и се дипли како кај зелникот и се остава да отстои.
4. Потоа секој дел се расукува во кора и се сечи на делови големи по желба. Се става изварка, а можи и празни и се виткаат кифлиња. Ако ви остани од маргаринот, ставете одозгора на формираните кифли.
5. Кифлите се редат на подмачкан плех и се оставаат малку да отстојат, се премачкуваат одозгора со јајце и сусам и се печат на 200 степени дур не поруменат.
6. Можите и други форми да извадите, јас правам со кашкавал и со салама од истото тесто, откако ќе ја раширам кората наместо да сечам форми за кифли, редам зајре со малце кечап и го роловам како ролат и после го сечам на тркалца (се гледаат на првата слика).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови