Багетот се сечи на коси парчиња со дебелина од околу 3см и се кое парче од едната страна се премачкува со путер.

Премачканите парчиња леб се редат во намастена тава (25см) со премачканата страна нагоре. Гледајте делумно да се преклопуваат или пак да се редат така да нема многу празнини меѓу нив.

Со жица за матење се мешаат слатката павлака, шеќерот, јајцата и ренданата кора од лимон. Во последно време јас ренданата кора од лимон ја заменувам со лимон шеќер и тоа испаѓа одлична замена за вкусот.
Со оваа смеса се преливаат парчињата леб рамномерно насекаде и со вилушка благо се притискаат за да се распореди низ лепчињата.

Се печи во загреана рерна од 180С оолу 45 минути. Ако ви е силна рерната и има потреба во одреден период се прекрива одозгора со фолија. Готова е кога вилушката забодена ќе излези сува.

Се вади од рерна и се прелива веднаш со сируп од портокал. Јас немав сируп, па ја прелеав со сок од портокал, на кој можеби за некој кој сака повеќе благо требаше и шеќер да додадам, но мене и вака одлична ми беше, особено топла. Но, за сметка на тоа пак, ја сервирав со прелив од малини врз шлагот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови