Овие полнети лепчиња во Кина се јадат за појадок. Ги има во разни варијанти со различен фил. Мојот рецепт е со кинеска зелка и јајце, варијанта која и најмногу се јаде таму.
Тестото се меси и се остава за стаса околу половина час.
Сувиот квасец го мешам со сите состојки заедно. Тестото не треба да биде многу меко.
Во меѓувреме го правите филот со зеленчукот.
Прво кромидчето се пропржува, потоа морковот и зелката.
Кога се при крај 10мин се додава јајцето и се промешува.

Кога тестото е готово, тоа значи треба да биде релативно потврдо заради тоа што нема лесно да може да го виткате. Го сечеме на половина, па од секоја половина правиме подолго тесто, кое пак го сечеме на 3-4 топчиња.
Од оваа смеса мене ми излегуваат 6-8 баоѕи.
Значи сум пробала и со меко и тврдо тесто. Мекото не дозволува да се виткаат убаво топчињата.

Потоа со сукалце го размесуваме, не треба да биде многу тенко, некаде околу 1 см може.
И на секое тестенце ставаме од филот.
Е сега е марифетот е убаво се свиткааат. Со едната рака го држиме лепчето, а со другата го виткаме горниот дел од тестото во круг.
Значи како штипкање на тестото, едно штипнување, па превиткање, па друго и се така во круг.
Видете на фотографиите за подобро да ви е јасно. Може ќе ставам и некое видео во коментар подоцна.
Кога се готови сите, ги ставаме во садот на пареа. Отприлика им треба 10 -12 мин откако ќе зоврие водата. Јас се уште вежбам да достигнам иделано готвење на пареа како тие во Кина.

На крај се служат со кинески црн оцет или наш балсамико со неколку капки соја сос. Јас додавам и луто чили масло.

На здравје кинески појадок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови