Оваа салата уште се нарекува гмечни краставици бидејќи краставиците пред да се сечат се удираат со лажица или чукче (од оние за месо). Искрено никогаш ни во Кина не разбрав зошто, ама верувам дека краставицата така омекнува и има полесен вкус и може да ги прими вкусовите на останатите продукти.

Изгмечената (или истепаната како што си ја викам) краставица потоа се сече на крупни парчиња.
Сосот се прави со сол, прстофат шеќер, соја сос и сецкано лукче, малку оцет, сусамово масло и (или) луто чили масло.

Убаво се меша, а одозгора се ставаат кршени кикиритки.

Ептен брза салата, а за летни денови супер освежителна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани