Компирите ги лупме и ги сечкаме на долги ленти. Доколку го имате Делимано апаратчето за спирално сечкање, сигурно ќе ви заврши голема работа тука. Јас го немам па се обидов да ги исечкам компирите што е можно на потенки ленти.
Во длабок сад ставаме нишесте, сол и зачини по желба. Јас ставив и малку масло иако во оригиналниот рецепт нема.
Ги ставаме тука лентите од компири и ги мешаме убаво да се обложат со нишесте. Ги истураме во загреана тава во која сме ставиле малку масло. Зависно од големината на компирите и од големината на тавата, може да направите една или две палачинки. Но внимавајте да не е претенка, па да ви се распадне.
Најпрво ги пржиме на силен оган, превртуваме (јас користев чинија во превртувањето), па потоа го намалуваме огнот, за да се испржат убаво компирите и во внатрешноста. Превртуваме неколку пати.
Компирот приготвен на овој начин е посув, затоа се консумира во комбинација со некој сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови