Ролатот е мек како сунѓер, со фин какао вкус, со освежителен крем од слатка павлака и крем сирење и сето тоа обвиткано со чоколадна глазура.
1. Се обложува големиот плех од рерната со хартија за печење и рерната се вклучува на 180 С.
2. Се двојат белките од жолчките. Во белките се става малку сол и се матат во цврст снег, на средна брзина, со постепено додавање на шеќерот. Се додава ванилата и се мати додека целиот шеќер не се стопи.
3. Потоа се смалува брзината на миксерот на најмала брзина и се додава по една жолчка цело време матејки, а потоа и топла вода.
4. На крајот се става брашното измешано со какаото и пецивото и сето тоа кратко се маша. Смесата треба да биде воздушеста.
5. Целата смеса се излива во плех обложен на хартија и се печи на 180С околу 20минути.
6. Готовата кора ја вадиме од рерна и ја ладиме, па потоа ја виткаме во ролат заедно со хартијата и а оставаме така да олади.
7. За прелив може да користиме чоколадно млеко или сами да го направите.
Фил
1. Во длабок сад се става слатката павлака и се мати кратко. Потоа се додава крем сирењето и се мати со најмала брзина. Се додава ванила, шеќерот и стопено чоколадо (може и без чоколада )тогаш кремот ќе биде бел. Филот не треба да се премати зошто ќе биде прецврст.
2. Оладената кора ја одмотуваме и ја вадиме хартијата. Кората ја попрскуваме со чоколадно млеко и ставаме од кремот. Ја виткаме кората во ролат и ја оставаме во фрижидер да се лади.
3. Кога ќе олади ролатот се прави глазурата и се прелива. Се врака во фрижидер да се стврдни ролатот.!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани