Убаво изматете ги јајцата, па со најмала брзина на миксерот додадете ги течните и на крај сувите состојки.

Смесата истурете ја врз обложен плех од шпоретот со пек хартија и печете на 170С 15на минути.

Пчената кора покријте ја со влажна пацета. По 10на минути превртете ја со пацетата надолу, извадете ја хартијата и заедно со пацетата свиткајте ја во ролат.

Измешајте ја урдата или крем сирењето со павлаката.
Додајте ги кикиритките и сомелените смоки, па на крај власецот и измешајте се заедно.
Ако немате власец додадете магдонос ако сакате, а можи и без.

Одвиткајте ја кората и премачкајте ја насекаде со филот кој е солидно цврст и завиткајте во ролат.
Оставете барем еден час да се стегни пред да го исечите на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови