Талкајќи по некое лебче кое се прави брзо, а нема да влијае на мојата тежина, наидов на интернет на една многу позната рецепта на кето леб без брашно. Се подготвува брзо, нема никаква филозофија, а сепак нема да ви влијае на вашата тежина и ќе бидете задоволни бидејќи сте внеле 5 здрави намирници.

Откако сите состојки се мелени ги сипуваме во подлабок сад. Додаваме сол и пециво и промешуваме со жица за матењеа потоа ги додаваме и четирите јајца. Продолжуваме со мешање и постепено ја додаваме водата додека смесата не стане со густина за да може со лажица да се вадат мали топчиња. Рерната ја загреваме на 250 Ц, а смесата ја распределуваме на тава врз хартија за печење. Со лажица ги мазниме лебчињата и ги ставаме да се печат. За да не се лепи лажицата и да може да се формираат лебињи се мокри лажицата во чаша со вода.
Овие лепињи може да се комбинират со блага и солена варијанта, во зависност од желбата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови