За многу години да е празникот.

Бакалава направена по мој мерак, од состојки кои јас ги сакам.
Совршена е.

Прво го подготвуваме шербетот, да има време да се излади.
Во касерола на оган ги ставаме водата, шеќерот и вариме од 5-7 минути на умерен оган.
Пред крај ги додаваме кришките лимон.
Оставаме на страна.
Во друга касерола налеваме масло, додаваме путер и оставаме на тивко да се соединат.
Во еден сад ставаме јајца и шеќер и матиме со миксер, да се згуснат.
Тука ги додаваме мелените ореви, мелените плазма бисквити, мелените чоколада, пецивото, маслото и млекото.
Смесата со лажица убаво ја соединуваме.
Земаме една кора, со четка ја премачкуваме со маснотијата.
Врз неа ставаме и друга кора и неа танко ја премачкуваме.
На почетокот на кората ставаме фил по цела должина.
Врз филот ставаме зрна вишни, од прилика по 8-9 вишни.
Завиткуваме ролатче.
Го ставаме во танко подмачкан плех.
Постапката е иста со целиот материјал.
Со остатокот на маснотија ги премачкуваме корите одозгора.
Сечеме на парчиња.
Печиме на 160 с околу 50 минути.
Испечената баклава ја вадиме од рерна да одмори 5 минути.
Потоа ја прелеваме со изладениот шербет, во два наврати.
Прво прелеваме со пола количина, па за 20 минути го ставаме и остатокот на шербет.
Оставаме баклавата да го впие шербетот и послужуваме наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани