За оваа торта потребно е да имате округлест калап со вдлабнатина кој може да биде метален или како мојот силиконски.
Подготовка на кексот
- Се делат белките од жолчките, белките со шеќерот се матат во цврст снег, а потоа постепено се додаваат жолчките една по една со постојано матење.
- Се додава постепено брашното и на крај маслото и се мати на побавно.
- Смесата се истура во калапот (овој е ф 28) кој е премачкан со маргарин, а потоа е набрашнет.
(Ако користите силиконски калап, ставете го на некој плех за да не се деформира).
- Се печи на 180 степени околу 25 минути (во метален калап околу 15 минути).
- Тестото се лади, а потоа се ПРЕВРТУВА во чинија, па се филува со фил по желба.
Јас филував со фил кој на моите домашни им е омилен а и е доста едноставен фил, а вие можете по свој вкус.
- Прашокот за пудинг се меша со шеќерот, се става малку од млекото да се раствори, а остатокот млеко се загрева и се вари пудинг. Се лади целосно.
- Маргаринот се мати со лажицата шеќер во прав и се соединува со изладениот пудинг. Се изедначува убаво, се ставаат мелените ореви, се меша пак и со овој фил се полни вдлабнатината од кексот.
- Се декорира по желба, со рендано чоколадо, ореви, лешници, шлаг, овошје ...
- Отстојува 2-3 часа да впие кексот од филот и се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани