Едноставен, лесен, брз кекс.

Јајцата се матат додавајќи им ги ванилата, рум и обичниот шеќер.
Кога сме добиле густа маса и промена на боја, го додаваме малку по малку маслото, па млекото и на крај брашното помешано со кокосот и пецивото, матејќи со послаба брзина, со цел да не спласни смесата.
Во мал дел се додава какаото, се соединува и се прават шари.
Се пече во загреана рерна 35 мин. на 180 степени.
Ладно се сече. Со шоља млеко, одлично.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани