Брз, посен и многу вкусен кекс, кој на сите дома ни се допаѓа.

1. Слатката павлака ја истураме во вангличе, но не ја матиме, ја оставаме во течна состојба.
2. Бисквитите ги кршиме и ги ставаме во слатката павлака, со лажица мешаме бисквитите првично да ја впијат течноста.
3. Ги додаваме исечканите банани кои ги попрскуваме со лимонов сок да не потемнат (ова не е задолжително), крупно ренданото чоколадо и оревите кои по желба може да бидат сечкани или мелени. Сето се измешува убаво со лажица, а ако има потреба може и со рака.
4. Калап со полукружна форма или друг по желба, се обложува со најлон (мојот е со радиус на полукругот од 5 см и должина 37 см.) и се полни со смесата, се изедначува убаво и се остава во фрижидер да отстои најмалку 5-6 часа (најдобро преку ноќ).
5. Кексот се вади од калапот и се полева со стопеното чоколадо и масло.

По желба може да се додаде и кокос, брусница, лешник и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани