Ароматичен, сочен, попладневен колач е мојот предлог денес.

Прво брусниците ги потопуваме во румот и сокот од лимон и ги оставаме на страна.
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, брашното, пецивото, циметот, кокосот и содата.
Во вангличка го ставаме путерот, додаваме шеќер и матиме.
Со постојано матење додаваме едно по едно јајце и ванилата.
Потоа наизменично додаваме млеко и постепено од сувите состојки.
Ја додаваме и натопената брусница заедно со течноста каде стоеше, ренданите јаболка, пасираната банана и кората од лимон.
Се заедно убаво соединуваме.
Смесата ја истураме во правоаголна тава.
Одозгора посипуваме ливчиња бадем.
Печиме околу 30 минути на 200 с.
Оставаме малку да се излади, па сечеме парчиња и послужуваме.

Забелешка- кокосот може да се замени со 80 гр брашно, до колку не го сакаме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани