Постапка
- Ѓумбирот излупете и изрендајте на ситната страна од рендето, истискајте го убаво неговиот сок.
- Брашното измешајте го со какаото, скробното брашно и пецивото.
- Путерот заедно со шеќерот и лимон шеќерот изработете ги добро до добивање на кремаста смеса, доадете го сокот од ѓумбирот - миксајте да се сето тоа спои.
- Заменете ги сега на миксерот, ставете ги оние за изработка на тест. Додадете ги во оваа смеса сувите состојки (скробното брашно, какаото и пецивото), миксајте колку да се спојат сите состојки. Замотајте го добиеното тесто во фолија и ставете во фрижидер да одлежи најмалку еден саат.
- На побрашнета површина расукајте го тестото во дебелина на 1 см., вадете од него форми кои вие ги имате и сакате. Ако имате печати тогаш лесно налегнете врз тестото колку да се отпечатат формите. Ако печатите не ви се од типот на тие што и печатејки ќе го сечете тестото, тогаш само испечатете тестото, а со друга форма сечете го. Со тенок нож вадете ги колачите од работната подлога, ставајте во плех послан со хартија за печење и оставете да се одморат 1 час, а потоа печете во претходно загреана рерна на 180 степени точно 15 мин. Потоа извадете и оставете а се оладат.
- Соберете во кутија, затворете и можете да ги чувате за празниците кои веќе еве се на прагот. Овие колачи можат да стојат околу 2 месеца добро затворени во кутија и секој ден кој одминува се повкусни се.
Напомена
Свежиот ѓумбир може да го замените со мелен така што 1 лажичка ќе растворите во 20 мл. вода.
Ако во моментот немате лимон шеќер, тогаш заменете го со ванилин, но јас предноста ја давам на лимон шеќерот.
Овие колачиња се празнични, божиќни, затоа се приготвуваат од порано, за чокољупците идеални.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани