Во еден сад се ставаат јајцето и шеќерот.
Се додава некое зрно сол, путер, брусница, рогач, кора од лимон, брашно и се замесува со рака.
По потреба се додава уште најмногу 20 гр на брашно.
Тестото го оставаме во фрижидер да одстои 30 минути.
Потоа со рака кинеме мали парченца тесто, формираме бомбици и ги редиме во ненамастен плех.
Со рачката на дрвена лажица правиме во средината мало дупче.
Ги печиме на 190 степени околу 15 минути.
Додека се топли ставаме во секое дупче по едно зрно чоколадирано суво грозје, каде од топлината ќе се залепи  и чоколадото.
Послужуваме!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани