За овој рецепт се користи калап во вид на штампа односно стискалица, со повеќе додатоци со кои се прават форми по избор.
- Маргаринот/путерот кој треба да е стоен на собна температура, се мати со миксер заедно со јајцата.
- Се додаваат останатите состојки, на крај постепено се додава и брашното.
- Се измесува со рака и треба да се добие мазно и меко тесто.
- Од тестото се зема дел и се прави форма како ,,колбас,, и се става во цилиндерот на калапот.
- Калапот има подесувач за 2 големини на кексите, се избира посакуваната.
- Се избира додаток, а плехот во кој ќе се притискаат кексите не се намрсува туку директно се притиска на подлогата со калапот и така се добиваат форми.
- Се печат на 180 степени 10 - 12 минути.
- Изладени се посипуваат со шеќер во прав.
- Ги има подоста и стојат повеќе време на ладно место.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани