1. Исеченото пиле се вари заедно со исецканите домати и сол.
2. После варењето на пилето се приготвува запршката. Во зовриеното масло се додава брашно и малку се запржува. Се додава исецканиот лук и уште кратко се пржи. Потоа се додава околу 500 мл ладна вода и добро се промешува.
3. Приготвената запршка се додава кон вареното пиле и се додава црн пипер, се чека да зоврие и се трга на страна.

Пред да се вари пилето се внимава на количината од вода, се става колку да биде покриено месото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани