1. Во посебен сад на пареа се топи црната чоколада со 4 лажици масло, а белото чоколадо со 2 лажици масло.
2. Шеќерот се става во сад и се топи да се добие карамел. Се додава вода и маргаринот и се топи заедно додека не се растопи карамелот. Се трга од оганот и се додаваат мелените кикирики.
3. Од оладената смеса се обликуваат мали топчиња.
4. Во секој отвор од силиконскиот калап се става лажица стопена чоколада, се разлева низ калапот, па се става во замрзнувач да се стврдне. Потоа во секој отвор се става во средина по едно топче од смесата.
5. Се залива врз топчето со бело чоколада до врвот и се наросува со мелени кикирики. Се остава да се стврдне.На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани