Од слатките бомбици кои ги подготвив за овој Божиќен пост овие ми беа фаворит.

Подготовка
1. Шеќерот го растопуваме на оган со 2-3 лажици вода, да пожолти и да се карамелизира. Откако ќе стане проѕирен го тргаме веднаш на страна.
2. Рендаме во него кора од половина портокал.
3. Смоквите и кајсиите со сокот од портокал ги ставаме во нутрибулет или друг сечко да се сомелат па ги истураме во карамелизираниот шеќер.
4. Овде ги додаваме мелените лешници и бисквити, румот и соединуваме.

Забелешка
Шеќерот го топиме на средна температура на рингла за да не ни прегори и загорчи. Може да ставите кора од цел портокал.
За украс на секоја бомбица ствава по половина лешник.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани