Сезона на кајсии, па еве подготвив нешто и за во долгата зима
Прво кајсиите ги миеме, просушуваме и ги делиме на половина.
Ја вадиме семката и ги редиме во една касерола.
Ги посипуваме со шеќерот и лимонтусот.
Ги оставаме на ладно и темно место 5 часа
Потоа нежно промешуваме, веќе кајсиите ќе пуштат вода, својот сок и шеќерот ќе почне да се топи.
Нека стојат така два дена на темно место.
Потоа ги процедуваме во цедалка.
Сокот кој ќе го добиеме е за растворање, не варен, многу вкусен и со прекрасна боја.
Кајсиите ги собираме во стаклено тегле.
Јас и сокот и кајсиите ги ставив во замрзнувач, а не замрзнуваат потполно, и нека ја чекаат зимата.
Совет- замрзнав и кајсии за во зимо, за смути.
Кајсиите ги измив, преполовив, наредив во мали тави и така ги замрзнав.
Потоа замрзнати ги собрав во чисти кеси.
Вака не се залепуваат и може по потреба да се вадат по неколку кајсии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани