Од оваа доза излегуваат 8 американски палачинки. Многу се вкусни, лесни за подготовка и најважно за овој период од годината – посни. Топло ги препорачувам.
1. За палачинките, прво ги мешаме сите течности, заедно со шеќерот.
2. Потоа додаваме брашно, пециво, густин и какао, па кората од портокал изрендана, и мешаме се убаво со жица за матење.
3. Треба да добиеме средно густа смеса, па според тоа додаваме брашно – повеќе од 200 гр. а можеби и до 300.
4. Палачинките се печат во нелеплива тава.
5. Јас ги печев во Стоун Леџенд, со по 1 капка масло на секоја палачинка по околу 3 минути од секоја страна.
6. Откако ќе се испечат, се оставаат добро да се изладат.
7. Потоа секоја палачинка се премачкува со 1 лажица џем од смокви, и со по 1-2 лажици од блендираните банани.
8. Сите палачинки се редат една над друга, за да се се добие мала тортичка.
9. Тортата може да се украси по желба, да се остави барем еден час на ладно да ги впие вкусовите, а потоа да се исече и да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови