
9
фев
2019
Какао кекси со зрна лешник
Во сад ги ставме брашното, солта, шеќерот, ванилата, просеаното какао, исецканиот путер, пецивото.
Со рака ги соединуваме малку состојките, па го додаваме млекото.
Замесуваме нелепливо тесто.
Тестото го делиме на мали топчиња и формираме бомбици.( околу 40 парчиња)
Ги редиме во плех.
Во средината на секоја бомбица ставаме зрно лешник.
Ги печиме во загреана релна на 190 степени од 11-13 минути.
Внимаваме да не изгорат, бидејќи тестото е темно.
По желба може да се наросат со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани