Преубав, превкусен десерт со воздушеста крема од маскарпоне, интензивен вкус на кафе, без желатин, фиксатори на креми и други непознати состојки кои денес се ставаат во таканаречените тирамису десерти. Мене овој десерт ме остави без зборови, рецептот за пишкотите и ликерот од кафе е исто така поставен.

- Жолчките ги двоиме од белките, во сад поставен над пареа ги матиме жолчките заедно со половина од шеќерот, се додека не се зготват и станат пенести и светли (70 степени). Во садот со смесата од жолчки го додаваме маскарпонето и матиме со миксер до соединување.
- Белките со преостанатиот шеќер ги матиме до цврст снег, потоа постепено мешајќи со шпатула ги соединуваме со смесата од маскарпоне.
- Ладното еспресо го соединуваме со ликерот од кафе.
- Во подлабок стаклен сад, го редиме првиот слој од натопени пишкоти (натопувањето во кафето треба да е кратко со цел да не бидат водести), се додава половина од кремата, па вториот ред од пишкоти и преостанатата крема.
- Тирамисуто го ставаме во фрижидер преку ноќ да се стегне.
- Пред сервирање посипуваме со какао во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови