Прекрасен сос за пица, која добро одговара и со тестенина.
Моја препорака....

Прво пиперките ги печиме, лупиме и ги оставаме да се исцедат.
Во касерола налеваме масло, додаваме сецкан кромид и лук.
Кратко запржуваме.
Ги додаваме лупените и исецкани домати и печените пиперки.
Ставаме на тивок оган да се крчка.
Додаваме доматно пире, босилек, сол и бибер.
Крчкаме околу 45 минути, односно додека сосот потполно не се згусни.
Го поминуваме со стапчест миксер за мазна структура,
Го собрав сосот во 2 мали теглиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани