Прекрасна освежителна вкусна салата, со боите на Италија, па затоа и се вика Италијанска салата.

1. Краставицата изрендајте ја, посолете ја и оставете ја да пушти вода. Потоа убаво исцедете ја.
2. Морковот изрендајте го на крупно, како и кашкавалот.
3. Сите состојки ставете ги во длабок сад и додадете павлака и сол и бибер. Сето тоа заедно се меша и крем салатата е подготвена!

Одлично одговара како мезе за со ракија, како и со вкусни топли кифлички!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови