Сите суви состојки ги мешаме во еден сад во кој ќе го правиме тестото. Мешаме со лажица. Кон ова го додаваме пивото и маслиновиот зејтин. Мешаме пак со лажица. Ако е потребно додаваме уште брашно. Тестото го ставаме на набрашнета површина и со сукало сукаме кора со дебелина од 1 сантиметар. Со нож сечиме плочки со димензии 4 на 4 сантиметри. Ги редиме интегралните плочки на хартија за печење. Се печат на 200 степени околу 20 минути.
Чашата со која мериме е од 250 милилитри.
Брз и здрав оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови