Прв пат правам интегрални палачинки и навистина дома бевме изненадени од вкусот.

Постапка
Прво со жица за матење се матат јајцата, се додаваат шеќерот и ванилиниот шеќер.
Се додаваат течните состојки и се убаво се мати.
На крај се додаваат брашната и се продолжува со матење и се додава кората од лимон.
Кашата се остава да се одмори околу 10 минути. Палачинките се пржат на загреано тавче.
Од оваа смеса излегуваат околу 6 -7 средни палачинки.

Готовите палачинки се мачкаат со Нутела, се става по една цела банана и се виткаат ролати. Се сечат на кругови со дебелина од 2 сантиметри и се послужуваат укарсени со ливчиња нане.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови