Изблендирајте ги овесните снегулки.
Додајте ги во блендерот, брашното, пецивото, шеќерот и солта.
Изблендирајте кратко колку да се измешат состојките.

Претурете ја сувата смеса во сад и додајте го ладниот путер исецкан на мали коцки.
Откако ќе добиете ронлива смеса, додајте го млекото(додавајте го постепено, прво 1,  па потоа друга лажица).
Замесете го тестото и оставете во фрижидер да отстои 20минути.

Меѓу 2 листа хартија за печење расукајте го тестото во кора од околу 3-5мм.
Со округол калап вадете кругови и редете ги во плех обложен со хартија.
Избоцкајте ги по целата површина и ставете да се печат на 180 степени, 15 минути.

Од оваа доза излегуваат 15 бисквити.
Со чаша млеко се одличен појадок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани