Многу вкусни и здрави интегрални бисквити со вкус на портокал.

Во сад го ставаме брашното, ги додаваме овесните снегулки и промешуваме.
Потоа ги додаваме шеќерот, бадемите и оревите и печивото. Се' убаво мешаме и на крај замесуваме со 10 лажици цеден сок од портокал. Со лажица убаво ја мешаме смесата.
Со влажни раце од смесата формираме средно големи бомбици кои ги ставаме на плех обложен со хартија за печење и ги плескаме со рака за да добијат форма на бисквити.
Бисквитите ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу десетина до дванаесет минути.

Печените бисквити ги полеваме со стопено чоколадо.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови