Во нашиот крај традицинално за празникот Иванден се приготвуваат кравајчиња кои се украсуваат со шарени бонбони. Ова е рецептот кој е најпопуларен во нашето семејство.
Најпрво во млака вода го ставаме квасецот со малку шеќер и брашно и оставаме да се активира.
Лимонот и портоклаот се рендаат  и се цеди сокот. Сокот од портокалот и лимонот го ставаме во чаша од 200мл и дополнуваме со масло до потребната количина, да дојде до 200 мл.

Се замесува тесто од сите состојки со додавање на млака вода, да добиеме помеко тесто, но нелепливо.
Се остава да кисни околу 1 саат и се дели на 10-13 топчиња. Секое се расукува малку да добие округла форма, да биде со дебелина околу еден прст.
Се украсува со вилушка, тврди бонбони и се остава да кисни.
Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
Додека се топли кравајчињата се премачкуваат со шербет (2 лажици шеќер се растопуваат во 30-50 мл вода).
На здравје и за многу години празникот!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови