Излупете ги јаболката, исчистете ги од семето и исецкајте ги.
Во сад ставете ги јаболката, сокот, водата,медот и кората и сокот од лимон и варете 10 минути откога ќе почне да врие.
Смесата преку преса исцедете ја и вратете ја на оган, во малку вода разредете го нишестето и додадете го во смесата, варете додека убаво се згусти.
Готовата смеса тргнете ја од оган, додадете ги оревите и ставете ја во подмачкан плех да се излади преку ноќ.
Од смесата исечете коцки и извакајте ги во мешавина од нишесте и шеќер во прав.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови