Салатава ни беше дел од Божиќната богата трпеза.
Нам ни се допадна.
Па еве како ја подготвив.

Измиените листови марула ситно ги сецкаме.
Ги поставуваме на долгнавест тајнир.
Врз нив ги ставме измиените, на косо исечени млади кромидчиња.
Ги ставаме кругчињата ротквица.
Брокулата ја ставаме на неколку секунди во вода која врие.
Пожелно е да остани крцкава.
Добро исцедена ја ставаме во тајнирот од двете страни.
Бри сирењето го сечиме на парчиња и го ставаме врз салатата.
Расфрламе зрна калинка.
Во еден сад ги соединуваме состојките за дресинг.
Прелеваме врз салатата.
Сервираме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани