Хељдата обарете ja.
Кромидoт и морковот исечете ги на ситно и ставете да се пржат. Додадете го исеченот вргањ и на крај додадете ја хељдата. Посолете, додадете сув зеленчук.
Тиквичката исечете ја на големи кругови  и извадете ја срединта. И од патлиџанот  извадете ја средината, а од пиперката извадете го семето.
Тиквичката, патлиџанот и пиперкатс наполнете ги со хељда.
Наредете во тепсија, додадете зејтин по потреба и една чаша вода.
Печете околу 40 минути,на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани