Макароните ги вариме според упатството, а за тоа време ја бланшираме брокулата. Ситно сецканите парченца брокула ги ставаме во зовриена вода, да провријат 2-3 минути, и потоа наеднаш ги префрламе во ладна вода. Ги процедуваме убаво од водата, и кога ќе бидат суви, посолуваме, и ги мешаме со сите други состојки.
Листовите марула може да ги оставите најдолу и врз нив да сервирате од макароните, или во длабока чинија да ги искинете на крупни парчиња, па да ги измешате заедно.
Морковот, свеж, го рендаме нагоре, малку да донесе боја на чинијата, а секако придонесува и на вкус.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови