Значи, полесен, а поздрав сладолед, амин!
Вкусна ужинка или пак десерт, за сите љубители на сладоледи. Со една главна состојка добивате максимално уживање во ова слатко задоволство.

А, се подготвува на следниот начин

Најпрво бананата се става во замрзнувач, за потполно да се замрзне. Јас тоа го сторив вечер пред подготовката.
Следниот ден или пак после неколку часа (проверете дали е замрзната), бананата се вади од замрзнувачот, се остава едно десетина минути малку да попушти, се лупи од кората и се сецка на средно големи парчиња. Парчињата банана се мелат во сецко/мултипрактик додека не се створи маса која по изгледот потсетува на сладолед. Се сервира во чаши, а одозгора се посипува со неколку толчени бадеми.

Наведената количина е за едно лице. Значи, за две порции ви се потребни 2 банани. По желба можете да си додадете и топено чоколадо, чоколадни трошки, печени, дробени лешници, изборот е бесконечен.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови