Многу здрави и вкусни колачиња од само 3 состојки ...
Со вилкушка се гмечат бананите, а потоа се додаваат овесните снегулки и брусницата.
Во тавче обложено со хартија со лажица се става од смесата од оваа смеса излегуваат 12 колачиња.
На температура од 180 степени се печат 20тина минути.
Пробајте да ги направите овие колачиња навистина се могу вкусни и здрави, а можете да додадете и суво грозје или некое друго суво овошје по желба.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови