Убава есенска салата, малку збогатена со чиа семки и со суво грозје.
Цвеклото и морковот се рендаат на ситната страна од рендето. Јаболкото исто може да се изренда, или да се исечка на ситни парчиња. Се додаваат сувото грозје и чиа семето, па се посолува по желба, се става јаболков оцет и маслиново масло.
По желба може малку магдонос.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови