Ајде да го почнеме денот здраво.
Ќе ви пишам еден предлог, а вие ќе ми кажете како ќе ви се допадне.
Подготовката е следна....
Во сад налеваме 150мл вода и го додаваме црниот чај.
Додаваме каранфилче, стапчето цимет и биберот, па вклучуваме да се затопли.
Штом дојде до фаза на вриење, го тргаме од оган и го додаваме кардамомот и свежо ренданото парче ѓумбир.
Го додаваме и млекото, па пак враќаме на оган.
Шпоретот го исклучуваме и оставаме да постои 5 минути на топла плоча.
Земаме цедалка и го цедиме чајот во шољата во која ќе служиме.
Зачинуваме со звезда анис, која истовремено ќе служи и како декорација.
Чајот не е заблажен, па можете да користите мед или пак темен шеќер.
Убаво е да се конзумира наутро, за здрав и добар почеток на денот.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови