Наутот ставете го во вода преку ноќ да набубри. Другиот ден истурете ја водата и налејте го со нова и ставете го да вари околу 45 мин до 1 час да омекне. При крајот на варењето додајте ги компирот и морковот излупени и исечени на тенки плочки и кромидот исецкан на ситно. Кога се сварени исцедете ги и оставете ги убаво да оладат.
Во меѓувреме исчистете го спанаќот од дршките, измијте го и обарете го во зовриена вода. Потоа исцедете го и оставете го да олади па исецкајте го. Внимавајте убаво да биде исцеден од водата за да не го навлажнува пирето.
Оладениот наут изгмечете го со алатка за пире или ако ви е полесно избендирајте го. Додајте го спанаќот и зачинете по вкус.
Смесата ставете ја во мала тава намачкана со масло и посипана со лебни трошки.
Порамнете ја а одозгора посипете со сусам. Попрскајте ја со масло и ставете ја да се запече во загреана рерна на 220 степени околу 25 мин.
Печеното пире оставете го да подолати потоа послужете го со салата по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани