Пилешкото месо се сечи на тенки и кратки ленти. Се додава сенф, сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер и убаво се меша да се впијат зачините. Нека отстои 2 часа, па го динстаме. Во тава го ставаме месото додаваме масло и малку вода и динстаме со затворен капак.
Кога ќе запржи го додаваме сецканиот кромид и продолжуваме со пржење, динстање додека омекни.
Потоа ги додаваме сецканите печурки, затвораме со капак и продолжуваме со динстање на умерен оган. Кога и печурките се готови, омекнати, пропржени го пробуваме за вкус, ако ни недостига некој зачин, додаваме. Тргаме на страна.

Го подготвуваме и бешамелот.
Путерот го топиме, го додаваме брашното и малку сол, пропржуваме, да порумени брашното и го додаваме млекото. Вариме со постојано мешање додека сосот добие густина на мајонез. Зачинуваме со морско оревче и кари. И тоа ни е готово.

Финална постапка
Земаме една тортиња, ја премачкуваме со малку бешамел, ставаме 2 листа кашкавал на средина од филот. Виткаме ролат.
Тортиљите ги редиме во намрсен огноотпорен сад.
Одозгора премачкуваме со бешамелот што ни останал.
Наросуваме со оригано.
По желба може и рендан кашкавал.

Потпекуваме во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин.,  да поруменат.
Сервираме топли.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани