Вкусен и брз оброк кој најчесто го подготвувам за време на викенди или кога немам многу идеи и време.

- Палентата се вари во солена вода според упатството во која сме додале 1 лажица путер и се остава да се олади.
- Во сад ја соединуваме урдата, сирењето, јајцето и јогуртот.¨
- Во огноотпорен сад премачкан со путер, редиме ред палента, ред од филот од сирење и урда па неколку кругчиња моцарела и така се додека имаме материјал, завршуваме со филот од сирење.
- Печеме 15 минути на 200 Ц, потоа го додаваме изренданиот пармезан и продолжуваме со печење уште 10-тина минути.
- Служиме топло со чаша домашен кефир, јогурт или кисело млеко.

Напомена
Можете да искористите било какви видови на сирење или кашкавал кои ги имате по дома, овој е еден од тие рецепти кој неможе да се згреши, додека вкусот е загарантиран.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови