Прекрасен десерт, кој мами со својата стаклеста површина.
Многу често го гледав по интернет порталите и истражував за него.
Постојат многу видови паковки за желирање, но се се сведува на истиот начин.
Рецептата може да се изведе со густин (нишесте) желатин или разни тортенгустови.
Јас за подготовка на овој десерт употребив тортенгуст паковки од 12 гр.
Да ја кажам подготовката.

Пред да се почне да се работи рецептата, овошјето треба да е излупено исецкано и спремно.
Ставате по желба и вкус.Некој сака покиселко, некој поблага варијанта.
Јас ставив она што посакаа моите деца.
( манго,мандарини,јаболка,малинки и бооровинки )
Малку чудна комбинација на овошки,но им дозволив да си поиграат со вкусот.
Во сад на оган налеваме овошен сок по вкус.
Јас користев овошен сок од малинки.
Количината треба да е 250 мл.
200 се во садот, а 50 мл ги разматуваме со тортенгустот.
Во зависност од тоа колку е благ сокот додавате шеќер. Ако ви е благ не морате да доставате.
Варете на тивок оган исто како пудингот. Само овде треба една минутка за да е готова смесата.
Коцкестиот калап каде ќе се приготвува треба да е премачкан со масло.
Се става розевиот дел на тортенгустот како облога.
Се реди овошјето промешано да се добие разновидност и по боја и по вкус.
Се полева повторно со тортенгустот, но овој пат сварен само во вода со шеќер.
Како паѓа тортенгустот ги пополнува сите празнини околу овошјето.
Се израмнува убаво со шпатула и се остава да излади убаво.
Ако го правите во калап, само полека извлечете го калапот, но ако го сприготвувате во тавче, полека со шпатула ќе ги одделувате од ѕидовите, а на местото каде ќе го одделите, ќе ставите чепкалка.
Така ќе направите на сите 4 страни, па полека ќе го превртите на друг сад каде ќе сечете во вид на коцки.
Ќе објаснам и друга постапка, без овошје.
Се вари тортенгустот. Едниот во кокосово млеко, а другиот во варено кафе.
Се реди исто во тавче, полека со кутлачка.
Се става полека од кафето желирано, пример три кутлачки, па се остава да излади да биде млак горниот слој, па се става од белиот, но белиот да биде жежок.
И се така. Излегуваат многу убави желирани коцки.
Овој едноставен колач морав долго да го опишам за да имате пред себе подобра слика.
На здравје.

Забелешка
Ова ви го кажувам како пример за една коцка со размер 7,5 см- 7,5см.
За поголема количина и помали сечени коцки ставам 4 паковки со повеќе овошје.
Значи за една коцка со размер 7,5 см ставам
250 мл сок од малинки 2 лажици шеќер
1 паковка тортенгус
овошје по желба и вкус
250 мл вода
2 лажици шеќер
1 паковка тортенгус
Ако ставате сок од јагода, можете да употребите и црвен тортенгуст со вкус на јагода.
Паковката тортенгуст е од 12 гр.
За секоја поголема количина дуплирајте ги состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови