Во касерола на оган ги ставаме малините, водата и шеќерот.
Оставаме да провријаат 2-3 минути.
Потоа смесата ја истураме во цедалка, поставена врз еден сад и со лажица пасираме, да излези цела течност и пулпа, но без семчињата.
Не е грешка ако остане некоја семка од малините
Желатинот го ставаме во филџан, додаваме лажица вода и оставаме да набабри.
Потоа го додаваме во топлата смеса од малини за да се стопи.
Смесата ја истураме во 2 чаши, кои малку ги навалуваме и оставме во фрижидер да се стегни.
Од кога е стегнато желето од малини го подготвуваме белиот јогурт сос.
Во 50 мл ладно млеко го ставаме желатинот да набабри.
Во останатото млеко ставаме ванила, шеќер и оставаме да се загреее.
Тргаме од оган и тука го додаваме набабрениот желатин.
Промешуваме за да се стопи.
Го додаваме јогуртот.
Промешуваме.
Ги дополнуваме чашите
Оставаме во фрижидер да се стегни.
Декорираме и го послужуваме овој убав летен десерт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани