Желатинот се раствора во ладната вода и се остава 10на минути да набубри.
Изберете сок по желба кој ќе го носи вкусот. Убаво е да е бистар за да се добијат проѕирни бомбончиња. Во мојот случај користев сок од ананас, а на дел во истиот додавав ароми од екстракти (боровинка, јаготка, портокал).
Сокот се става во тенџерче и се загрева на умерена температура до вриење.
Се додава растворениот желатин и се меша многу кратко време додека се растопи во врелиот сок. Ринглата кога ќе зоврие сокот исклучете ја.

Добиената течност истурете ја во силиконски калапчиња или ако немате во некој памал коцкест или правоаголен сад.

Оставете во фрижидер неколку часа убаво да се стергни пред да ги извадите или пак за побрзо ставете го во замрзнувач.

Според мене ако имате трпение најдобро е да ги оставите преку ноќ.
Потоа извадете ги од калапите и наредете ги на чинија.
Ако користите сад, исечете ги на коцки или форми по желба.

Вистинскиот ефект на гумени бомбони се добива најрано следниот ден, а уште подобро по 2-3 дена кога со стоењето ќе се исушат. Во спротивно, изгледаат како да се јади желе.
Јас имам фрижидер со самоодржавање, кој намирниците ако не се покриени, затворени ги суши, па тој помогна во процесот на чекање за да се вкусат како вистински гумени бомбони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови