Од другарка ми Слаѓана на подарок добив спелтино интегрално брашно, па еве го веднаш во употреба.
Направив прекрасни сконски,ви ги препорачувам да ги пробате.

На многу малку масло ја пропржуваме сецканата сланина.
Ја вадиме во тајнир на страна и во маснотијата го додаваме празот.
Кратко пржиме, колку да омекни.
Тргаме од оган.
Во тавата ги соединуваме сланината, празот, шунката.
Внимателно ако има потреба додаваме сол и бибер.
Го додаваме и ренданиот кашкавал.
Во еден сад ги соединуваме јогуртот, солта, сецканиот путер, биберот, двата вида на брашно, промешуваме па го додаваме јогуртот.
Лесно месиме, не е потребно да се добие тесто со мазна структура.
Нека биде само малку грубо соединето.
Тука ги додаваме сите состојки од тавата.
Соединуваме.
На набрашнета маса формираме округла, но не танка кора.
Со помош на алатка за пици сечеме триаголни парчиња.
Ги ставаме во ненамастен плех.
Ги печиме во загреана рерна околу 25-30 минути, да заруменат.
Ги сервираме топли со чаша јогурт, кисело млеко, штотуку направена лутеница...хахахах и уживаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани