Луѓеееее убавинааааа.......
Како си ја замислив така си ја направив питава.
Од малку состојки добивме гозбааааааа.
Топло ви ја препорачувам.

Прво го замесуваме, тестото, без да го активираме квасецот.
Го ставаме во сад, го покриваме со прозирна фолија и го оставаме во фрижидер да одстои 5-6 сааати тестото.
За тоа време тоа и ќе нарасне.
Сега излупениот црн домат многу кратко го запржуваме во тава со масло.
Останатиот зеленчук го сецкаме на резанки, како и сланинката и моцарелата.
Во тава за пица со рацете го развлекуваме тестото, при тоа малку краевите ги подигаме.
По крајот на тестото, во ширина одприлика 3-4 цм нанесуваме лут ајвар.
Врз него ги редиме круговите малку запржен црн домат.
Потоа поставуваме парчиња црвен домат,па парчиња сланина, па парчиња моцарела.
Ставаме свежи шампињони.
Наросуваме бибер и сол.
Во загреана релна на 250 с печиме околу 15 минути, а секој си ја позна ва својата релна.
Сервираме жешка со црвено вино...уживаме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани