Испечената капија, зелена лута пиперка и црниот домат ги ставаме во кесе.
Потоа ги лупиме и им ги одстрануваме семките.
Оставаме во цедалка убаво да се исцедат.
Во еден сад ги соединуваме киселото млеко, киселата павлака, мајонезот, сенфот, сол и бибер.
Додаваме коцки сирење.
Зеленчукот го сецкаме и него на ситни коцки.
Сите состојки ги соединуваме.
Ја оставаме салатата во фрижидер 1 час, да се спојат вкусовите, па ја сервираме и ја послужуваме со добра Неготинска ракија...мммм

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани