Омилени од детството. Мајка ми Нада ми ги направи и ме потсети на нив. Си ги викав гурубии со цуцка кога бев мала и мама ми ги правеше само за мене.Ех ,ЕДНА е МАЈКА...
Јајцето се мати со шеќерот. Се додава сода и маслото. Се додава гризот постепено колку прима. Се обликуваат топчиња им се става по една јатка орев и се редат во тепсија.

Се запечуваат на 200 С и се вадат да се стави шербетот за да нараснат. Значи шербетот се прави прв. И потоа се вракаат пак во рерна да го упијат шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани